Свечено поставен камен-темелникот на првата турска нуклеарна централа

Со присуство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, и рускиот претседател, Владимир Путин, преку видеоконференција од Анкара, во Мерсин свечено е положен камен-темелник за изградба на првата турска нуклеарна централа Аккују.

943929
Свечено поставен камен-темелникот на првата турска нуклеарна централа

Со присуство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, и рускиот претседател, Владимир Путин, преку видеоконференција од Анкара, во јужниот турски град Мерсин свечено е положен камен-темелник за изградба на првата турска нуклеарна централа Аккују.

Пред Претседателската палата во Анкара бешеорганизирана церемонија по повод положувањето камен-темелник за изградба на првата турска нуклеарна централа, а на церемонијата присуствуваа претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин, голем број министри и официјални лица на двете земји.

„Денес сведочиме на историски ден“, констатираше Ердоган на самиот почеток од обраќањето.

„Кога во 2023 година ќе дојде до пуштање во погон на првиот реактор од нуклеарната централа Акују, Турција ќе стане дел од светското семејство на земјите кои користат нуклеарна енергија. На тој начин, 100. годишнина од основањето на Републиката ќе го крунисаме со историскиот потфат на полето на енергијата“, порача Ердоган.

„Кога Аккују ќе биде пуштена во погон со сите свои единици, таа самостојно ќе одговори на 10 отсто од потребите за електрична енергија во нашата земја. На тој начин ќе ја направиме поздрава нашата енергетска корпа која сè уште се темели на нафта, природен гас и јаглен“, порача Ердоган.

Рускиот претседател Владимир Путин, со оглед на тоа што Руската агенција за нуклеарна енергија Росатом (ROSATOM) ќе ги гради првите две постројки, во обраќањето истакна дека турската нуклеарна централа Аккују ќе биде безбедна и еколошки прифатлива.

„Ова е еден многу значаен и важен нов чекор. Денес не почнуваме само со изградба на првата турска нуклеарна централа. Денес формираме нуклерален деловен сектор на Турција. Значи, формираме еден нов сектор“, порача Путин.



Слични вести