Издадена дозвола за изградба на нуклеарната централа Аккују

Изградбата на првата нуклеарна електрана Аккују во Турција вреди повеќе од 20 милијарди долари, а ќе има работен век од 8.000 часа годишно.

943691
Издадена дозвола за изградба на нуклеарната централа Аккују

Ресорната канцеларија за атомска енергија на Република Турција (TAEK) издаде дозвола за изградба на првата турска нуклеарна централа Аккују.

Станува збор за првата единица на нуклеарната централа, која се состои од четири постројки, од кои секоја ќе има производствен капацитет од 1.200 мегавати електрична енергија.

Во првата фаза ќе се градат две постројки, а ќе бидат изградени од „Росатом“, Агенцијата за нуклеарна енергија на Русија.

Изградбата на првата нуклеарна електрана Аккују во Турција вреди повеќе од 20 милијарди долари, а ќе има работен век од 8.000 часа годишно.

Нуклеарната централа ќе има вкупен производствен капацитет од 35 милијарди киловати електрична енергија, што ќе подмири десет отсто од вкупните енергетски потреби на Турција.

Првиот реактор треба да биде оперативен до крајот на 2023 година, а две години подоцна, електраната треба да работи со полн капацитет.

Првата лиценца за проектот за нуклеарната централа Аккују беше издадена од Комисијата за атомска енергија во 1976 година, а извештајот за локацијата на постројките беше одобрена во 2013 година.

„Сега го завршивме процесот на издавање градежна дозвола, кој е важен дел од проектот и на кој се работеше речиси три години“, се вели во вчерашниот извештај на Канцеларијата за атомска енергија на Република Турција (TAEK).

Подземните и подготвителните работи за изградба на реакторот започнаа минатата година, откако беа издадена потребнита еколошкa и пазарнa согласност.

Целиот проект се заснова на билатерален договор што Турција и Русија го потпишаа на 12 мај 2010 година.

Во моментов постојат 450 нуклеарни централи во 31 земја во светот. Други 55 такви централи се во изградба, а денес во таа група се приклучува и енергетскиот комплекс Аккују, кој се гради во близина на Мерсин, во јужниот дел на Турција.



Слични вести