Турција втора земја меѓу земјите на ОЕЦД од аспект на економскиот развој

Турција се очекува да ја помине дури Кина, моторот на светското производство.

939278
Турција втора земја меѓу земјите на ОЕЦД од аспект на економскиот развој

Турција ако ја постигне предвидената стапка на економски раст во 2017 година, ќе се најде на второ место меѓу земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) а исто така ќе ја помине и Кина, моторот на светското производство.

Според податоците на Заводот за статистика на Турција (ТУИК) и ОЕЦД, лани турската економија во првиот квартал постигна раст од 5,3 насто, во вториот квартал 5,4 насто, во третиот и четвртиот квартал 11.1. насто.

Ако се земат во предвид водечките податоци, според предвидувањата минатогодишниот раст во последните два квартали се очекува да продолжат и годинава. Економистите кои учествуваа во подготвувањето на очекувањата истакнаа дека порастот на бруто домашниот производ во последниот квартал на 2017 се очекува да изнесува 7,1 насто, додека за целата година 7,3 насто.

Во случај да се остварат наведените претпоставки, Турција веднаш по Ирска се очекува да се најде на второ место со најголем раст меѓу земјите членки на ОЕЦД. Од друга страна пак, се очекува да ја помине дури Кина, моторот на светското производство.



Слични вести