САД и Саудиска Арабија потпишаа 36 меморандуми за соработка вредни 16 милијарди долари

Меморандумите за  соработка биле постигнати во рамките на  деловниот самит на кој биле присутни раководители на неколку крупни американски и саудиски компании

939118
САД и Саудиска Арабија потпишаа 36 меморандуми за соработка вредни 16 милијарди долари

САД и Саудиска Арабија потпишаа 36 меморандуми за соработка со вкупна вредност од 16 милијарди долари.

Ова го соопшти официјалната саудиска новинска агенција СПА,која додаде дека меморандумите за  соработка за кои станува збор биле постигнати во рамките на  деловниот самит на кој биле присутни раководители на неколку крупни американски и саудиски компании и одредени претставници на саудиските власти.

Агенцијата во продолжение вели дека не се знае за кои договори за соработка станува збор, а вниманието се привлекува на тоа што настанот на потпишувањето на меморандумите за соработка меѓу САД и Саудиска Арабија се случува во истиот момент кога принцот престолонаследник на Саудиска Арабија Мухамед бин Селман престојува во посета на САД.

 



Слични вести