Индексот на економска доверба на еврозоната падна на 112,6 поени

Индексот на доверба во индустрискиот сектор во еврозоната во март од 8 падна на 6,4 поени

938767
Индексот на економска доверба на еврозоната падна на 112,6 поени

Индексот на економска доверба на еврозоната за овој месец падна на 112,6 поени.

Европската Комисија соопшти дека според податоците за март од анкетата за работа и потрошувачи, индексот на економска доверба во февруари изнесуваше 114,2 насто, додека во март падна на 112,6 насто. Индексот во овој период се намали за 1,6 поени и изнесуваше под очекувањата на пазарот кои се движеа околу 113,3 поени.

Индексот на доверба во индустрискиот сектор во еврозоната во март од 8 падна на 6,4 поени. Индексот беше под очекувањата на пазарот од 6,9 поени.

Индексот на доверба во услужниот сектор кој на пазарот се очекуваше да изнесува 16,5 поени, од 17,6 падна на 16,3 поени. Индексот на доверба на потрошувачите во февруари изнесуваше 0,1 и во март немаше никакви промени, додека индексот на деловна доверба од 1,48 падна на 1,34 поени.

Влошувањето на расположението во еврозоната беше резултат на падот во индустријата, услужните дејности и трговијата на мало. Додека кај потрошувачите нема промени во довербата, кај градежните раководители беше забележан пораст на довербата.

Најголем пад во индексот на економската доверба меѓу земјите членки на еврозоната беше забележан во Германија кој достигна 2,4 поени. Истиот индекс во Италија падна за 1,8, Шпанија за 1,2, Холандија 0,5 и Франција за 0,4 поени.



Слични вести