Економскиот раст на Турција во 2017 година го импресионира целиот свет

Министерот за развој на Република Турција, Луфти Елван, изјави дека Турција заедно со Кина и Индија, е меѓу земјите со најголем економски раст во светот.

936318
Економскиот раст на Турција во 2017 година го импресионира целиот свет

Министерот за развој на Република Турција, Луфти Елван, изјави дека Турција во 2017 година остварила економски раст во износ од седум проценти, и заедно со Кина и Индија, е меѓу земјите со најголем економски раст во светот.

Елван престојуваше во градoт Ерзурум, каде што зборуваше за економијата на Турција. Тој истакна дека Турција, додека води борба против тероризмот, истовремено вложува огромни напори и за понатамошно зајакнување на економијата.

Според Елван, Турција е успешна во двете насоки.

„Турција има остварено голем напредок во борбата против тероризмот. Но, ние, истовремено работиме и на зајакнувањето на нашата економија. Турција во 2017 година покажа еден исклучително висок раст кој го импресионира светот. Минатата година, остваривме раст поголем од седум проценти. Tурција, заедно со Кина и Индија, е меѓу земјите кои имаат најголем економски раст“, рече Елван.

Тој, исто така, рече дека турската економија расте здраво и успешно, и дека во овој период побарувачката и инвестициите, како и извозот, позитивно придонесуваат за економскиот раст.



Слични вести