Офанзивата „Маслиново гранче“ на ниеден начин не може негативно да влијае на турската економија

Турскиот министер за финансии, Наџи Агбал, истакна дека операцијата која турските сили ја спроведуваат против терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во Aфрин, на крајот ќе има многу позитивно влијание врз турската економија.

896203
Офанзивата „Маслиново гранче“ на ниеден начин не може негативно да влијае на турската економија

Турскиот министер за финансии, Наџи Агбал, истакна дека операцијата „Маслиново гранче“ на ниеден начин не може негативно да влијае на турската економија.

Како гостин на уредничкиот колегиум на новинската агенција Анадолија во Анкара, Aгбал рече дека операцијата која турските сили ја спроведуваат против терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во пограничното сириско подрачје на Aфрин, на крајот ќе има многу позитивно влијание врз турската економија.

„Постигнувањата на воената операција 'Маслиново гранче' ќе ги отстранат бројните ризици за нашата економија“, рече турскиот министер за финансии.

Укажувајќи на влијанието на нестабилноста и геополитичките тензии во Сирија врз економијата на Турција, Агбал изјави дека целта на операцијата во Aфрин е неутрализирање на терористите и отстранување на безбедносните и економските ризици.

„Пазарот е мирен и стабилен во екот на операцијата, која се спроведува според планот. Тоа и се очекуваше. Сите случувања на берзата и на финансискиот пазар укажуваат на економската стабилност“, рече Агбал.



Слични вести