Берзата продолжува да соборува рекорди

Вчера индексот БИСТ 100 со 118,955 поени достигна највисоко ниво на сите времиња

896164
Берзата продолжува да соборува рекорди

Берзата продолжува да соборува рекорди.

И покрај зголемените геополитички ризици, Берзата Истанбул која во новата година влезе со претежен откуп на акциите, индексот БИСТ 100 продолжува да соборува рекорди.

Имено индексот БИСТ 100 кој новата година ја започна од 115,333 и како резултат на постојаните откупи се движеше по угорна линија, вчера со 118,955 поени го достигна највисокото ниво на сите времиња.

Аналитичарите истакнуваат дека позитивната атмосфера на светските пазари и намалувањето на тензиите во врска со операцијата „Маслиново гранче“ го зголемија интересирањето кон турската лира.

Индексот БИСТ 100 на берзата од аспект на тековниот курс на доларот изнесува околу 31,350 поени и моментално е далеку остварувањето на историскиот врв од 51,070 поени, велат аналитичарите потенцирајќи дека постои голема веројатност индексот во претстојниот период да собори нови рекорди.



Слични вести