Во Давос денес започна 48. Светски економски форум

Главна тема на овогодишниот Форум во Давос е „Креирање на заедничка иднина во светот кој се дели“. Глобалните економски и безбедносни теми ќе доминираат за време на форумот.

895362
Во Давос денес започна 48. Светски економски форум

Со зајакнати безбедносни мерки во швајцарскиот град Давос денес започна 48. Светски економски форум (WEF).

Главна тема на овогодишниот Форум во Давос е „Креирање на заедничка иднина во светот кој се дели“. Глобалните економски и безбедносни теми ќе доминираат за време на форумот.

На почетокот на форумот најмногу внимание привлекуваат строгите безбедносни мерки кои организаторите ги презедоа. Полициските хеликоптери го надгледуваат швајцарското место на Алпите, а на пат до тоа место швајцарската војска и полиција поставија неколку контролни пунктови.

Учество на форумот во Давос најавија и францускиот претседател Емануел Макрон, претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, британската премиерка Тереза Меј, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Индија Нарендра Моди, шефот на канадската влада Џастин Трудо, заменик премиерот на Турција Мехмет Шимек и голем број на други официјални лица од 70 земји.

Турција на 48. Форум ќе ја претстават вице премиерот задолжен за економија Мехмет Шимшек, министерот заѐ економија Нихат Зејбекчи и генералниот директор на турската централна банка Мурат Четинкаја.

 Виде премиерот Шимшек ќе учествува на неколку форуми како говорник воедно на маргините на форумот ќе оствари низа средби со истакнати светски инвеститори и раководители на фондови.

Последниот ден од форумот се очекува доаѓање на американскиот претседател Доналд Трамп, и дека за таа прилика ќе бидат преземени додатни безбедносни мерки во кои ќе бидат вклучени и американските тајни служби.

 

 



Слични вести