Турција Иран и Азербејџан во потрага по начини за зајакнување на односите

Министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција, Азербејџан и Иран дискутирале за начините за зајакнување на меѓусебните односи

Турција Иран и Азербејџан во потрага по начини за зајакнување на односите

Министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција, Азербејџан и Иран дискутирале за начините за зајакнување на меѓусебните односи.

„На денешниот трилатерален состанок, ги разгледувавме начините за зајакнување на нашите односи и кои чекори можеме да ги преземеме, особено во областите на енергетиката и транспортот“, изјави Чавушоглу на прес-конференцијата во азербејџанскиот главен град Баку.

Неговите забелешки дојдоа по одржувањето на петиот трилатерален состанок со азербејџанскиот колега Елмар Мамадјаров и иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф.

Чавушоглу истакна дека следниот трилатерален состанок ќе биде одржан во Турција, на којшто ќе присуствуваат и бизнисмените на трите земји.

Тој додаде дека Анкара, Баку и Техерен треба да ги зајакнат односите не само во областа на енергетиката, економијата и транспортот туку и на полето на културата и туризмот.

„Азербејџан и Иран се две важни земји во однос на енергетските извор. Турција, увезува природен гас и нафта од Азербејџан и Иран. Сакаме да го зголемиме количеството на природен гас и нафта кои ги добиваме од братските земји“, додаде Чавушоглу.

Тој рече дека верува во тоа дека трите земји ќе ја зголемат соработката во областа на енергетиката, додавајќи: „Ова е една од целите на трилатералниот механизам“.



Слични вести