Пораст на извозот на домашното семе
Секторот со производство на 957 илјади 925 тони сертифицирано семе во 2016 година постигна нов рекорд

Турција оствари извоз на домашно семе и саден материјал во 76 земји.
Министерството за храна, земјоделство и сточарство соопшти дека според досегашните податоци, активностите за зголемување на производството на домашно семе почна да ги дава првите резултати.
Производството на домашно семе во последните 5 години се зголеми за 50 насто.
Секторот со производство на 957 илјади 925 тони сертифицирано семе во 2016 година постигна нов рекорд.
Исто така се зголемија видовите и сортите на семињата кои се користат во производството.
Целта е секоја година да се оствари производство на сертифицирано семе и саден материјал од 1,5 милион тони.
Ако Турција денес се откаже од увозот на семе, може да ги намири потребите на домашниот пазар.
Гледано од аспект на количината, извозот е поголем од увозот. Целта е да се намалат увозните бројки.
Турција е значајна земја извозник на семе и саден материјал.
Лани Турција оствари извоз од 153 милиони долари во 76 земји.
Минатогодишниот извоз на семе и саден материјал на Турција во споредба со 2015 година се зголеми за 118 насто и 58 илјади 226 тони. Глчедано од аспект на вредноста, извозот на тоа поле со пораст од 49,4 насто достигна 153 милиони 463 илјади долари.