Два авиони од типот Боинг во Кина беа продадени преку електронско јавно наддавање на интернет

Аукцијата беше проследена од страна на околу 800 илјади корисници на е-трговија

852412
Два авиони од типот Боинг во Кина беа продадени преку електронско јавно наддавање на интернет

Според веста на агенцијата Синхуа, 2 карго авиони од типот Боинг 747 кои беа изнесени на  електронско јавно наддавање преку веб страницата Таобао на кинескиот е-трговски гигант Алибаба, беа продадени за 320 милиони јени (околу 48 милиони долари).

На јавното наддавање што се одржа преку интернет учествуваа 26 лица.

Јавното наддавање беше проследена од страна на околу 800 илјади корисници на е-трговија.

Компанијата СФ Ерлајнс (Şunfıng Hangkong Gongsi) која се бави со карго услуги, од останатите 25 противници понуди поголема сума и ги купи двата авиони.

Авионите на компанијата „Jade Cargo İnternational“ која се бавеше со карго услуги и во 2013 година банкротираше, се наоѓаа во складиштата на компанијата во Ксинџијанг и Шангај.

Авионите од типот Боинг на наведената компанија претходно 6 пати беа изнесени на јавно наддавање, но откако не беа најдени купувачи, овојпат авионите беа изнесени на аукција преку интернет.



Слични вести