Џенет Јелен поднесе оставка на функцијата претседател на ФЕД

Во соопштението на ФЕД се наведува дека Јелен на претседателот Трамп му поднела писмена оставка

851878
Џенет Јелен поднесе оставка на функцијата претседател на ФЕД

Џанет Јелен, претседателката на Федералните резерви (ФЕД), соопшти дека ќе го напушти Управниот одбор на ФЕД откако Џером Пауел, нејзиниот наследник, и официјално ќе ја преземе функцијата.

Во соопштението на ФЕД се наведува дека Јелен на претседателот Трамп му поднела писмена оставка.

„Г-дине претседателе Трамп, Ви пишувам за да ве известам дека планирам да поднесам оставка од Управниот одбор на ФЕД откако мојот наследник ќе положи заклетва. Ми беше голема привилегија и чест 30 години да служам во ФЕД“, рече Јелен.

Американскиот претседател на почетокот на ноември го номинираше Пауел за челник на Федералните резерви.

Пауел, умерен републиканец, правник и поранешен банкар, ќе ја замени Јелен откако ќе истече нејзиниот мандат во февруари 2018 година.

Пауел (64), кого поранешниот претседател на САД, Барак Обама, во 2012 година го назначи во одборот на Федералните резерви, беше еден од петте можни кандидати за челник на Федералните резерви.

Во претходно соопштение на Белата куќа, Трамп го нарече Пауел силен, посветен и умен челник.



Слични вести