Турција се подготвува да биде лидер на пазарот на халал производи

Светскиот саем на халал храна од 23 до 25 ноември годинава ќе се одржи во Истанбул

851331
Турција се подготвува да биде лидер на пазарот на халал производи

Министерот за економија Нихат Зејбекчи се осврна на претстојниот Светски саем на халал храна што од 23 до 25 ноември годинава ќе се одржи во Истанбул и рече:

Обемот на пазарот на халал храна се проценува на некаде на околу 6 милијарди долари.Сметаме дека во овој пазар треба да бидат присутни Турција и другите муслимански држави.Овие производи не ги избираат само муслиманите туку и христијаните бидејќи се произведуваат во многу по хигиенски услови од другите и поради тоа се мнолгу побезбедни за употреба. Халал производите се присутни како во храната така и во козметиката, здравството,финансиите и фармацевтската индустрија.Вредноста на овој сектор се проценува на околу 4 милијарди долари.

Токму заради тоа сметам дека Турција и другите муслимански земји треба да ја преземат лидерската улога во производството на хелал производите,додаде министерот Зејбекчи.

 

 



Слични вести