Прометот на е-трговијата на Турција се зголеми за 20 насто

Инвестициите во транспортот и комуникациите во последните 15 години изнесуваат 362 милијарди турски лири

851158
Прометот на е-трговијата на Турција се зголеми за 20 насто

Во туристичкиот центар Серик кај Анталија започна Меѓународната конференција е-трговија.

Министерот за транспорт, поморство и комуникации Ахмет Арслан во говорот на свеченото отворање рече дека интернетот чија историја изнесува околу половина век, особено навиките, зависноста, неопходностите кои ги промени во последните 15 години предизвика еден нов начин на живеење.

Во е-трговскиот сектор во Турција особено во комуникациите и транспортот беше доживеана извонреден развој и напредок, рече министерот Арслан потенцирајќи дека прометот на е-трговијата во 2015 година во Турција изнесуваше околу 25 милијарди турски лири, во текот на една година постигна раст од 20 насто и во 2016 година оваа бројка изнесуваше 30 милиони лири.

Инвестициите во транспортот и комуникациите во последните 15 години изнесуваат 362 милијарди турски лири, рече Министерот Арслан.

Со окончувањето на овие и слични регулативи и инвестиции, постепено расте интензитетот на е-трговијата во земјата. До крајот на годинава со раст од 40 насто на прометот се очекува да се постигне вкупен промет од над 50 милијарди турски лири.

Турција и Азербејџан потпишаа договори за зголемување на обемот на електронската трговија, монетарните услуги и меѓусебната пошта. Верувам дека оваа конференција ќе допринесе кон зголемување на е-трговската соработка меѓу двете земји, рече министерот Арслан и потенцираше дека унапредувањето и развојот на пазарите на двете земји ќе овозможи да се отвориме кон светот во е-трговијата.



Слични вести