Постигнат принципиелен договор за извоз на домати во Русија

Се работи на подготвувањето и одобрувањето на потребната документација на тоа поле

829719
Постигнат принципиелен договор за извоз на домати во Русија

Рускиот министер за енергија Александар Новак рече дека постигнале принципиелен договор со Турција за откуп на домати.

Ко-претседателот на руско-турската меѓувладина комисија Новак, на едно прашање во врска со тоа кога Русија ќе дозволи откуп на домати од Турција рече:

„Во врска со ова прашање е усвоена принципиелна одлука. Се реализираат законски прописи и регулативи почнувајќи од 1 декември, од 4 турски компании да се откупат 50 илјади тони домати. Исто така се работи на подготвувањето и одобрувањето на потребната документација на тоа поле“.

Претходно рускиот потпретседател на владата Аркадиј Дворковиќ рече дека увозот на домати од Турција ќе го опфати периодот декември – април.

Во меѓувреме, на претстојниот состанок на Руско-турската меѓувладина комисија кој се планира да се одржи на 21 октомври во Казан, главниот град на Татарстан се очекува да се разгледаат и земјоделските односи.



Слични вести