Јилдирим: Следува период на позасилени економски односи на Турција со Азија

Премиерот Бинали Јилдирим кој престојува во официјална посета на Виетнам учествуваше на седница на турско виетнамскиот деловен форум

795762
Јилдирим: Следува период на позасилени економски односи на Турција со Азија

Премиерот Бинали Јилдирим на седница на турско виетнамски деловен форум во Ханој истакна дека следува период на позасилени трговски односи на Турција со Азија. Турција планира да се интегрира во 6.светска економска сила и да се претвори во земја со најбрз подем во регионот,додаде Јилдирим.

Премиерот Бинали Јилдирим кој престојува во официјална посета на Виетнам учествуваше на седница на турско виетнамскиот деловен форум и во оваа прилика ги запозна присутните со еконосмките и трговските потенцијали на Турција.

Јилдирим рече дека би било добро кога бизнесмени од двете земји почесто би контактирале за да можат да ги разгледаат условите за соработување и дека надлежните министерства и владата секогаш ќе им излезат во пресрет на заинтересираните бизнисмени од Виетнам за вложување во Турција.

Премиерот Јилдирим додаде:

Турција одигрува активна улога како земја сосема отворена кон надвор и со сваќање за либерална економија, како досега така и одсега ќе дава придонес во надминување на регионални и меѓународни прашања. Турција планира да ги зајакне и прошири своите трговски врски и односи на целиот азиски континент. Тука од посебно значење е Виетнам како земја со големо стратегиско значење.

 



Слични вести