Турција собори рекорд во извозот

Годинава Турција ќе стане трета земја со најголем раст во светот.

Турција собори рекорд во извозот

Министерот за економија Нихат Зејбекчи рече дека минатиот месец Турција собори рекорд во извозот.

Во говорот на свеченоста што беше приредена по повод 22-от Меѓународен фестивал на килимот и уметноста во Ушак, министерот Зејбекчи рече дека Турција меѓу 20 развиени земји во светот е трета земја по ред која во првиот квартал на 2017 постигна најголем раст.

Минатиот месец постигнавме историски рекорд во извозот потсети Зејбекчи и потенцираше дека во јули постигнавме историски рекорд во извозот. Месечно 28 насто. Годинава Турција ќе стане трета земја со најголем раст во светот. Наша приоритетна цел е да станеме една од првите десет економии во светот и првите три во Европа, подвлече Зејбекчи.



Слични вести