Маслиновото масло од Турција на трпезите во 80 земји ширум светот

Турското маслиново масло најмногу може да се види во Шпанија која увезе 12.293 тони, потоа во Америка со вкупен увоз од 8.692 тони

773825
Маслиновото масло од Турција на трпезите во 80 земји ширум светот

Маслиновото масло од Турција на трпезите во 80 земји ширум светот.

Давут Ер претседател на раководниот и управен одбор на Конфедерацијата на извозниците на маслиново масло на Турција изјави дека во изминатите 7 месеци Турција извезе над 33 000 тони маслиново масло во 80 земји ширум светот и заработи 124.6 милиони долари.

Турското маслиново масло најмногу може да се види во Шпанија која увезе 12.293 тони, потоа во Америка со вкупен увоз од 8.692 тони.

Шпанија и Америка откупија 64 насто од овогодишната реколта на маслиново масло од Турција.

Минатата сезона секторот ја заокружи со извоз од 6.500 тони маслиново масло а годинава со 32.842 тони.

Ер додаде дека тоа се должи на сведувањето на продажната цена на маслиново масло со цените на светските пазари,така да задоволни се како производителите така и извозниците.

 

 



Слични вести