Аеродромот Ататурк во Истанбул на 13. место на светскиот список според бројот на патниците

Травелбук го објави извештајот на организацијата Ерпорт Интернешнл Коунсил кој што се однесува на  вистинскиот број на авионските патници.

770085
Аеродромот Ататурк во Истанбул на 13. место на светскиот список според бројот на патниците

Меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул на 13 . место на светскиот список на аеродроми според бројот на патниците.

Онлајн списанието Травелбук го објави извештајот на организацијата Ерпорт Интернешнл Коунсил кој што се подготвува секоја година, а кој што се однесува на  вистинскиот број на авионските патници.

Според истиот извештај кој што се однесува на минатата 2016 година меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул се најде на 13 место на списокот од вкупно 20 меѓународни аеродроми во светот.

Прв на списокот е меѓународниот аеродром Џексон Атланта САД со годишен промет од 104 милиони патници.

Во редоследот 6 аеродроми се од САД, а 4 од Кина.

Според истиот извештај минатата година низ сите светски аеродроми поминале вкупно 1,4 милиони патници.

 

 



Слични вести