Инфлацијата во Турција во опаѓање
Во првите денови од јули инфлационата стапка во Турција опадна за 0,27 посто и се сведе на 10.9 посто
764547

За разлика од јуни кога стапката на инфлацијата во Турција беше во раст, во првите денови од јули таа опадна за 0,27 посто и се сведе на 10.9 посто.
За падот на стапката на инфлацијата најголема заслуга имаат цените на доматите, млекото, јајцата,бензинот и мазутот, кои поефтинија.
Стручњаците прогнозираат дека падот на инфлацијата во првите денови од јули може да трае во текот на целиот јули месец.