Шон Комбс е една од познатите личности кој најмногу заработува во светот
На второ место на списокот на Форбс се најде познатата американска музичарка и актерка Бијонс

Американскиот актер, продуцент и рапер Шон Комбс е најпозната личност во светот која најмногу заработува
Американското бизнис и економско списание Форбс ги објави имињата на 100-те лица во светот кои најмногу заработуваат.
На првото место на списокот на 100-те најбогати во светот на списанието Форбс за периодот јуни 2016 – јуни 2017, со приходи од 130 милиони долари се најде познатиот американски актер, продуцент и рапер Шон Комбс кој е познат под прекарот Диди,
На второ место на списокот се најде познатата американска музичарка и актерка Бијонс со приходи од 105 милиони долари, додека со 95 милиони долари на трето место писателот Џ.К. Роулинг на серијата книги Хери Потер.
Канадскиот актер и музичар Дрејк со 94 милиони долари се најде на четврто место, португалскиот фудбалер кристијано Роналдо со 93 милиони долари на петто место.