Зголемени странските директни инвестиции во Турција

Странските директни инвестиции во Турција во 2016 година во споредба со претходната достигнаа раст за 3 насто

746799
Зголемени странските директни инвестиции во Турција

Во последните 10 години 5 пати зголемени странските директни инвестиции во Турција

Според податоците на анкетата од Истражувањето за привлечноста на европските инвестиции 2017 на Меѓународната компанија за надзор и консалтинг EY која што ја оствари со одржување средби со 505 раководители во светот, странските директни инвестиции во Турција во 2016 година во споредба со претходната достигнаа раст за 3 насто и се зголемија на 138.

Ако се направи осврт на промените на бројот на странските директни инвестиции во Турција во последните 10 години, бројот на проекти во 2006 година изнесуваше 28, додека лани оваа бројка се зголеми на 138 и раст од пет пати.

За остварување на проектите во 2015 година беше обезбедено вработување за 2 971 лице, додека оваа бројка лани со пораст од 142 насто се зголеми на 7 179. На тој начин само во рок од една година беа оформени 4 208 работни места.

Претседателот на одделот за корпоративни финансии на Турција при EY Мушфик Џантекинлер рече дека младата популација на Турција, потрошувачките навики, претприемничката култура и географската местоположба секогаш се привлечни елемени за инвеститорите. Со поддршка на овие елементи со економски раст и правилни инвестициони политики ќе продолжи заинтересираноста на странските инвеститори кон Турција, рече Џантекинлер.



Слични вести