Русија ги укина ограничувањата за увоз на земјоделски производи од Турција

Одлуката се однесува на увоз на пилешко и мисиркино месо, краставици, туршија, јаболка, круши и јагоди од Турција

744345
Русија ги укина ограничувањата за увоз на земјоделски производи од Турција

Владата на Русија ги укина ограничувањата за увоз на земјоделски производи од Турција освен ограничувањето за увоз на домати.

Според одлуката на владата која е објавена на интернет страницата на Владата на Русија се истакнува дека од денес се укинати сите ограничувања на увозот на земјоделски производи од Турција ,освен ограничувањето за увоз на домати, и дека увозот на земјоделски производи од Турција е повторно слободен.

Одлуката се однесува на увоз на пилешко и мисиркино месо,краставици, туршија, јаболка, круши и јагоди.

Министерот за земјоделие на Русија Александар Ткачев истакна дека ограничувањата за увоз на домати од Турција ќе важат уште најмалку 3 години.

 

 



Слични вести