Русија најави укинување на ограничувањата за увоз на  прехрамбени продукти од Турција

Се очекува премиерот Дмитри Медведев да ги потпише документите за укинување на ограничувањата за увоз на  прехрамбени продукти од Турција

743980
Русија најави укинување на ограничувањата за увоз на  прехрамбени продукти од Турција

Заменик премиерот на Русија Аркадиј Дворкович изјави дека денес се очекува премиерот Дмитри Медведев да ги потпише документите за укинување на ограничувањата за увоз на  прехрамбени продукти од Турција.

Дворкович одговараше на прашањата на новинарите на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург и меѓу другото рече дека освен за доматите готови се сите материјали за укинување на ограничувањата за увоз на  прехрамбени продукти од Турција.

Министерот за земјоделие на Русија Александар Ткачев истакна дека ограничувањата за увоз на домати од Турција ќе важат уште најмалку 3 години.

Претседателот на Русија Владимир Путин вчера потпиша одлука со која се укинуваат економските ограничувања  над Турција.

Тоа исто така позитивно ќе се рефлектира и на бројот на турските државјани и на вработените во турските авионски компании кои ќе можат да патуваат во Русија без виза.

 



Слични вести