Кинеско руски авион конкурент на Боинг и на Ербас

Проектот ќе располата со вкупна вредност од  13-20 милијарди долари а првиот произведен авион ќе го носи името „929“.

737046
Кинеско руски авион конкурент на Боинг и на Ербас

Кина и Русија формираа заедничка компанија за производство на патнички авиони со широк труп кои ќе можат да им конкурираат на Боинг и на Ербас.

Како што соопшти Чангај Дејли дојде до спојување на кинеската државна компанија КОМАК и руската Јунајтед Еркрафт. Новонастанатата руско-кинеска компанија ќе го носи името Чајна-Раша Комершл Еркрафт Корпорејшн Лтд.

Русија и Кина во споената компанија ќе имаат еднаков удел од 50/50.

Новата руско-кинеска компанија ќе произведува патнички авиони со ширик труп со капацитет од 280 седишта и со далечински дострел од 1200 километри.

Проектот ќе располата со вкупна вредност од  13-20 милијарди долари а првиот произведен авион ќе го носи името „929“.

 



Слични вести