Економијата на Светот 21/2017

Модерниот пат на свилата и Турција како средишен коридор

737037
Економијата на Светот 21/2017

Модерниот пат на свилата кој беше промовиран од страна на кинескиот лидер Ши Јинпинг во 2013 година всушност во себе инкорпорира  една огромна транспортна мрежа и економски потенцијал кој ги спојува трите континенти Авропа,Азија и Африка. Овој проект всушност се состои од огромни инвестиции а целта му е привлекување на уште поголем капитал. Многумина го сметаат овој кинески потег како момент на  економско поврзување на Кина со Западот.

Според планираното модерниот пат на свилата ќе се состои од два главни крака. Едниот крак кој според проектот прв ќе се гради е кракот кој што ќе се протега од Кина па преку Централна Азија и Русија ќе пристигне до Европа по копно.Оваа трансферзала всушност го сочинува економскиот појас на Модерниот пат на свилата. Вториот крак пак ќе ја поврзува Кина со Европа но по море и тоа преку Индискиот Океан, Заливот Басра до Средоземното море. Овој крак е наречен Морски Пат на Свилата.

Проектот на Модерниот пат на свилата ќе ги ориентира економските рамнотежи, ќе ја интензивира трговијата низ земјите низ кои ќе транзитира.Освен тоа со реализацијата на овој проект ќе се создадат можности за слевање на капитал во земјите низ кои ќе поминува трансферзалата, што ќе резултира со економски прогрес и просперитет за нив.

Модерниот пат на свилата ќе поминува низ 65 земји и тоа ќе значи изградба на нови копнени патишта, пристаништа, железнички пруги, аеродроми и нивно меѓусебно поврзување. Тоа истовремено ќе резултира со зајакнување на трговските врски со земјите низ кои ќе поминува и можност за директна трговија меѓу нив.

Турција како една од земјите низ кои што ќе транзитира модерниот пат на свилата всушност се наоѓа во т.н Централен коридор на модерниот пат на свилата, трансферзала која што се протега од Кина до Европа. И во Турција исто така се планира изградба на неколку инфраструктурни, транспортни и енергетски објекти кои ќе бидат инкорпорирани во проектот на модерниот пат на свилата. Тука секако дека трерба да се истакне проектот Мармарај подземната пруга која поминува под морскиот теснец Босфор во Истанбул кој беше завршен во 2013 година а кој ќе биде само делница од железничката линија Пекинг/Лондон. Тука исто така треба да се истакне и третиот висечки мост над Босфор мостот Јавуз Султан Селим исто така во Истанбул , и железничката линија Баку-Тбилиси-Карс исто така дел од мега проектот модерен пат на свилата.

Енергијата е друг важен сегмент во реализацијата на мега проектот Модерен пат на свилата. Кога сме кај енергијата не треба да се изостави од вид важноста на Турција како енергетски коридор , и тоа преку реализацијата на гасоводот ТАНАП како и на гасоводот Турски тек. Турција како крстопат на енергетската трговија која што се протега од Исток кон Запад и обратно од Запад кон Исток пак благодарение на својата географска местоположба ќе биде централната точка каде ќе се вкрстуваат енергетските коридори.

Промоцијата на Модерниот пат на свилата се одржа на 14 и 15 мај годинава во Пекинг, Кина. На овој настан меѓу другите претседатели на држави и влади учествуваше и претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Самитот беше искористен за потпишување на 3 договори за соработка во различни сфери со Кина втора светска економија. Исто така самитот послужи и за создавање клима за започнување на еден нов период во односите меѓу Турција и Кина на голема врата.

Кина како земја со годишен извоз од 2 трилиони американски долари во 2016 година оствари извоз од 25 милијарди долари во Турција. Кина од Турција узвезе стоки во вредност од 2,3 милијарди долари. Турција со право очекува со остварувањето на идејата на Модерниот пат на свилата да дојде до урамнотежување на динамиката на увозот и извозот со Кина. Во сегашни услови времетраењето на испораката на стоки од Турција до Кина и обратно од Кина до Турција во нормални услови изнесува 30 дена, а пак со реализацијата на Модерниот пат на свилата овој рок се очекува да се скрати и да се сведе на само 10 дена. Овој сегмент е уште еден важен момент во заинтересираноста на Турција за што поскора реализација на проектот на модерниот пат на свилата. Освен тоа новиот проект ќе значи и отворање нови пазари за Турција и за турските стоки.

Оној момент кога Модерниот пат на свилата ќе започне да функционира тој ќе ги раздвижи и динамиките на светската економија.Оваа активна улога на Кина во регионот, како и резултатот од договорите со земјите низ кои ќе транзитира патот на свилата уште повеќе ќе ја развие нејзината економија но и економиите на земјите низ кои ќе транзитира патот на свилата. Што ќе биде импулс повеќе за заживување на економијата во глобала низ целиот свет. Со еден збор кажано историрскиот пат на свилата сега во модерна верзија пак ќе заживее и тоа во двата правци од Исток кон Запад и обратно од Запад кон Исток.



Слични вести