Газпром почна со поставувањето на гасоводните цевки на проектот Турски тек под морето

Секој гасовод ќе поседува капацитет од 15,75 милијарди метри кубни

Газпром почна со поставувањето на гасоводните цевки на проектот Турски тек под морето

Руската енергетска компанија Газпром почна со поставувањето на гасоводните цевки на проектот Турски тек по морето.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Газпром, изградбата на проектот и поставувањето на цевките кои ќе поминуваат низ Црното море започна според предвидениот рок.

Изградбата се раководи со бродот „Audacia“ на компанијата „AllSeas“. Поставувањето на цевките во подлабоките места на Црното море ќе се изврши со бродот „Pioneering Spirit“ беше истакнато во соопштението.

Согласно проектот Турски тек чие остварување беше постигнато со потпишувањето на договорот лани во октомври од страна на владите на двете земји, се предвидува да се изградат две гасоводни линии од кои секоја ќе поседува капацитет од 15,75 милијарди метри кубни.

Со првиот гасовод се предвидува да се намират потребите на Турција, со вториот природниот гас да се достави во Европа.



Слични вести