Турција ќе гради трајни станови во Идлиб, Сирија

Проектот кој што ќе се состои од станови, училишта, здравствени домови, џамии и други придружни објекти ќе биде готов за 6 месеци

Турција ќе гради трајни станови во Идлиб, Сирија

Турција ќе гради иљада трајни станови во Идлиб, Сирија

Ова го соопшти Турската Црвена Полумесечина додавајќи дека потпишала протокол со катарската граѓанска организација АФИФ Черити за заедничка изградба на околу 1000 трајни станови за Сиријците во Идлиб, кои и покрај притисокот на режимските сили да го напуштат Идлиб сеуште цврсто се држат и не ги напуштаат своите разурнати домови.

Протоколот предвидува заради реализација на заедничкиот проект околу 4.500 000 долари од АФИФ Черити да бидат слеани во касата на Турската Црвена Полумесечина.

Генералниот директор на Турската Црвена Полумесечина Керем Киник по тој повод изјави дека се предвидува проектот кој што ќе се состои од станови, училишта, здравствени домови, џамии и други придружни објекти да биде готов за 6 месеци.

 

 



Слични вести