Берза Истанбул соборува рекорди

Скокот на акциите на Берзата Истанбул се должи пред се на успешно спроведениот уставен референдум

721067
Берза Истанбул соборува рекорди

Берзата Истанбул вчера го достигна својот досегашен рекорд,заокружувајќи го денот со 93.650 индексни поени на индексот 100, што претставува највисок процент во неговото досегашно постоење.

Денес индексот Бист на Берзата Истанбул околу пладне достигна до 94.880,68 што претставува нејзин втор рекорд.

Берзантските аналитичари истакнуваат дека скокот на акциите на Берзата Истанбул се должи пред се на успешно спроведениот уставен референдум , како и на очекуваните претседателски избори кои ќе следат потоа.

Тие подвлекуваат дека индексот Бист на Берзата Истанбул веќе пректично го достигна нивото на отпор од 95 000 поени.

 

 



Слични вести