Русија ќе сондира нафта и гас во Црното море

Најкрупната руска петролејска компанија Руснефт соопшти дека планира годинава да започне со нафтени сондирања во Црното море

704864
Русија ќе сондира нафта и гас во Црното море

Најкрупната руска петролејска компанија Руснефт соопшти дека планира годинава да започне со нафтени сондирања во Црното море.

Игор Сечин генерален директор на компанијата за започнувањето на сондажните активности во Северниот пол во подрачјето Хатанга рече дека Руснефт од годинава ќе ги започне сондажните активности за откривање нафта во Црнопто море.

Роснефт додаде Сечин идната година ќе започне со сондирање нафта во Баренцовото море а од 2019 година во северните предели на Сибир.

За овие сондирања Руснефт ќе соработува со италијанската компанија Ени.

Роснефт како најкрупна петролејска компанија во светот според обемот на производството на нафта и гас , располага со 4 нафтени и гасни полиња во Црното море и со 7 во Баренцовото море.

 



Слични вести