Турската економија забележа поголем раст од предвиденото

Според податоците на Турскиот завод за статистика Турција минатата година забележа економски раст од 2.9 посто

703281
Турската економија забележа поголем раст од предвиденото

Турската економија во минатата година забележа поголем економски раст од очекуваниот.

Според податоците на Турскиот завод за статистика Турција минатата година забележа економски раст од 2.9 посто.

Очекувањата беа во правец на тоа дека е можен економски раст од 2,2 посто.

Инаку економскиот раст на Турција во последниот квартал од 2016 година беше на нивото од 3,5 посто.

Националниот доход по глава на жител минатата година изнесуваше 10.807 американски долари.

 



Слични вести