Русија објави тендер за последното најголемо нафтено поле на копно Ергинскоје

Последниот датум за апликација за учество на тендер за откуп на нафтеното поле Ергенскоје е 12 мај

702573
Русија објави тендер за последното најголемо нафтено поле на копно Ергинскоје

Во соопштението кое беше објавено од страна на Установата за искористување на подземните богатства на Русија Роснедра беше истакнато дека стартува тендер за нафтеното поле Ергинскоје во Западен Сибир кое важи за најголемо нафтено поле на копно.

Последниот датум за апликација за учество на тендер за откуп на нафтеното поле Ергенскоје чија почетна цена од 5,3 милијарди рубљи се зголеми на 7 милијарди рубљи (околу 124 милиони долари) е 12 мај.

Во соопштението се истакнува дека во нафтеното поле Ергинскоје се наоѓаат 64 милиони тони нафтени резерви од категоријата Ц1 и дека во целата област има потенцијал за резерви од 307 милиони тони нафта од категоријата Ц2.

На тендерот се очекува да се пријават најголемите руски енергетски компании како што се Роснефт, Газпром, Газпром нефт, Лукоил, Новатек и Сургутнефтгаз. Победникот на тендерот ќе биде објавен најдоцна до 7 јуни.

Од друга страна пак, со објавувањето на тендерот за последното нафтено поле, на дневниот ред на Русија повторно започнаа дискусиите околу останатите нафтени извори.



Слични вести