Индексот на економска доверба за март се зголеми за 5 насто

Индексот на доверба на услужниот сектор во март во споредба со февруари се зголеми за 4,4 наст

702453
Индексот на економска доверба за март се зголеми за 5 насто

Индексот на економска доверба за март се зголеми за 5 насто во  споредба со претходниот месец и достигна 91,5 насто.

Заводот за статистика на Турција го објави индексот за економска доверба за март.

Порастот на индексот за економска доверба беше резултат на порастот на индексите на доверба во градежниот, услужниот, потрошувачкиот и реалниот сектор.

Индексот на довербата на потрошувачите во март во споредба со претходниот месец се зголеми за 3,2 насто и од 65,7 се зголеми на 67,8 насто.

Индексот на доверба на услужниот сектор во март во споредба со февруари се зголеми за 4,4 насто и од 92,9 се зголеми на 96,9, додека на градежниот сектор за 12,3 насто и од 76,4 се зголеми на 85,8 насто.



Слични вести