Економијата на Светот 13/2017

Структурни промени за влез на Турција во редот на високо доходовните земји

701887
Економијата на Светот 13/2017

Структурните реформи се појавуваат како најважни за турската економија кои заслужуваат да бидат што поскоро реализирани. Особено после глобалната економска криза во 2008 година кога Турција и покрај кризата забележуваше економски раст и  како резултат на тоа раст во доходот според глава на жител, не се изостави од вид потребата од  структурални реформи.

Се поставува прашањето кои се структиралните реформи кои Турција треба да ги реализира за да може да доживее уште поголем економски раст?

Тоа се следните:

Интензивирање на економскиот раст и како резултат на тоа раст и во доходот по глава на жител.За успех би се сметал податокот да се достигне до првите 10 во рамките на развиените земји од групата на Г20. Сепак тука не би требало да се изгуби од вид потребата од штедење и сконцентиррање на инвестиционите вложувања.

Заради обезбедување на континуитет во реализацијата на среднорочните и долгорочните цели во инвестициите, потребно е да се постигне стабилност во земјата и во економијата.За да се постигне тоа пак, Истанбул треба да се најде меѓу првите 10 светски финансиски центри.Во тие рамки,од големо значење беше основањето на Финансискиот Центар Истанбул преку кој на полесен начин беше овозможено слевањето на странски капитал во земјава како и овозможување на услови за штедење.

Паралелно со тоа воспоставувањето на државниот фонд Варлик, се очекува да има голем придонес како во финансирањето на големите инвестициони зафати така и за елиминирање на фрагилните точки во финансискиот сектор, што пак ќе резултира со обезбедување на економска стабилизација, цврст финансиски сектор и заедно со тоа висок процент на штедење.

Земјите од Европската унија успееја повторно да влезат во светскиот економски пазар ослободувајќи се од негативните ефекти на светската глобална економска криза во 2008 година. Тоа и успеа и на Турција која згора на тоа излезе со ќар од оваа неповолна економска ситуација благорание пред се на широкиот дијапазон на технолошки и примени и прилагодување на производствените процеси на високите технолошки достигнувања.Во тие рамки може слободно да се рече дека Турција успеа да оствари економски раст во континуитет во индустријата и паралелно со тоа да реализира и голем број инвестициони потфати.

Турција како земја енергетски зависна од надвор треба и мора да изнаоѓа алтернативни решенија за да може среднорочно и долгорочно да се ослободи од надворешната енергетска зависност. Со преориентирање кон домашните извори на енергија и со вложување во изградбата на нови енергетски извори Турција ќе може да се ослбоди од товарот на зависноста од надвор.

Благодарение на својата географска местопшоложба Турција има големи шанси долгорочно да се претвори во светски енергетски центар каде што се прекршуваат енергетските коридори. Заради остварување на оваа цел Турција ќе треба да се вклучи во реализацијата на глобалните енергетски проекти а освен тоа  паралелно да се впушти во реализација на проекти базирани на обновливата и нуклеарната енергија.

Со реализацијата на овие реформи Турција ќе успее среднорочно и долгорочно да си зацрта една нова енергетска карта која ќе бара преиспитување на досегашната енергетска политика.

Од тука недвосмислено се појавува потребата од реализирање на структурални реформи и тоа мошне брзо и на ефикасен начин.



Слични вести