Со Туркиш ерлајнс за само 159 долари до балтичките држави

Турската авио компанија Туркиш Ерлајнс воведува евтини авио билети за балтичките држави

700058
Со Туркиш ерлајнс за само 159 долари до балтичките држави

Турската авио компанија Туркиш Ерлајнс воведува евтини авио билети за балтичките држави.

Билетот за Летонија,Литванија и Естонија во двата правци изнесува само 149 долари како почетна цена.

Бидејќи бројот на седиштата во авионите за овие дестинации е ограничен заинтересираните патници кои ќе сакаат да го искористат попустот ќе можат да летаат со авионите на Туркиш ерлајнс за една од балтичките држави под услов билетот да го купат во периодот 27 март-15 април годинава.

Под овие цени ќе може да се лета само доколку билетите се купуваат на официјалната интернет страница на компанијата, додека цените на билетите купени кај патничките агенции можат да варираат.

Заинтересираните патници најточните информации ќе можат да ги добијат на интернет адресата на компанијата  "www.turkishairlines.com" или преку кол центарот  "444 0 849".

 



Слични вести