На 23 март во Истанбул ќе се одржи 12-от турско-арапски економски форум

На форумот ТАФ2017 ќе се разгледаат теми како што се банкарството, финансиите, претприемништвото

696709
На 23 март во Истанбул ќе се одржи 12-от турско-арапски економски форум

Арапските инвеститори на годинашниов 12-ти турско-арапски економски форум (ТАФ2017) ќе најдат можности за инвестирање во Турција.

12-от турско-арапски економски форум ќе се одржи на 23 март во Истанбул.

Форумот ТАФ2017 свечено ќе биде отворен од страна на потпретседателот на владата Мехмет Шимшек. На форумот се очекува да учествуваат над 500 високи раководители на компании, додека Турција на форумот ќе ја застапува претседателот на Унијата на коморите и берзите на Турција (ТОББ) Рифат Хисарџиклиоглу.

Говор на форумот ќе одржи и Мехмет Бостан, претседател на Управниот одбор и генерален директор на фондацијата Варлик.

На форумот ТАФ2017 ќе се разгледаат теми како што се банкарството, финансиите, претприемништвото и ќе се упати порака од Турција за стабилност во светот.

Почнувајќи од 2005 година наваму, на форумот кој секоја година се одржува во Истанбул под слоганот „Посилна Турција во светот и регионот“ досега учествуваа над 8 премиери, 78 министри, претставници на 720 фирми и компании и 5 500 учесници. Форумот ТАФ покрај вонредните услови во регионот важи за симбол на стабилноста.



Слични вести