Русија ќе го исплати преостанатиот долг на поранешниот Советски Сојуз на БиХ

Во претстојните 45 денови се предвидува да се исплати преостанатиот долг на Советскиот сојуз во износ од 125 милиони 200 илјади долари на Босна  Херцеговина

696008
Русија ќе го исплати преостанатиот долг на поранешниот Советски Сојуз на БиХ

Русија соопшти дека во рок од 45 дена ќе го исплати преостанатиот долг на поранешниот Советски Сојуз на Босна и Херцеговина.

Заменик рускиот министер за финансии Сергеј Сторчак во изјавата за печатот рече дека постигнале согласност со Босна и херцеговина за исплата на преостанатиот долг на поранешниот Советски Сојуз на Босна и Херцеговина.

Во претстојните 45 денови се предвидува да се исплати преостанатиот долг на Советскиот сојуз во износ од 125 милиони 200 илјади долари на Босна  Херцеговина, рече Сторчак и потенцираше дека на тој начин ќе бидат исплатени сите долгови на поранешниот Советски Сојуз.

Денешна Русија, по распаѓањето на поранешниот Советски Сојуз во 1991 година ја презеде одговорноста за исплата на сите долгови кои изнесуваа околу 66 милијарди долари, од која сума поголемиот дел припаѓаше на западните земји.



Слични вести