Кина ја намали прогнозата за годинашниот економски раст

Премиерот Ли Кечијанг рече дека целта за економскиот раст на Кина во 2017 година е да изнесува 6.5 насто

685419
Кина ја намали прогнозата за годинашниот економски раст

Кина која важи за втора економија на светот објави дека ја намали прогнозата за економскиот раст во 2017 година од 7 на 6,5 насто.

Премиерот Ли Кечијанг на свеченото отворање на Националното собрание на Кина го достави работниот извештај на владата за 2016 година и ги објави развојните цели за претстојната година.

Ли рече дека целта за економскиот раст на Кина во 2017 година е да изнесува 6.5 насто.

Премиерот Ли рече дека ќе се намали производството на вишокот на побарувачка на јаглен и челик. Во тие рамки производството на челик ќе се намали за 50 милиони, а на јагленот за 150 милиони тони.

Во извештајот на премиерот Ли беше подвлечено на значењето за одржлив развој, порастот на стапката на вработеност и зголемување на животните стандарди на граѓаните.

Стапката на економски раст во Кина лани изнесуваше 6,7 насто и тоа беше најниска стапка во последните 26 години во Кина.



Слични вести