Да отвориме нова страница во економските односи меѓу Турција и Америка

Турција и САД се две сојузнички земји

679744
Да отвориме нова страница во економските односи меѓу Турција и Америка

Министерот за економија Нихат Зејбекчи од Истанбул ја упати следната порака „Да отвориме нова страница во економските односи меѓу Турција и Америка“.

Министерот за економија Нихат Зејбекчи во говорот на гала вечерата на 30 годишнината на формирањето на Турско-американското здружение (TABA-AmCham) посочи на коренитите односи меѓу двете земји.

Турција и САД се две сојузнички земји, рече Зејбекчи и потенцираше дека економските односи меѓу двете земји ќе допринесат кон натамошниот развој на политичките и стратешки односи.

Во освртот на инвеститорскиот потенцијал на Турција, Зејбекчи рече: „Дојдете заедно да ги вреднуваме можностите“.

Новиот период ќе донесе нови можности за дете земји, рече Зејбекчи.

На вечерата на фирмите кои дадоа придонес во развојот на унапредувањето на трговските односи меѓу Турција и САД им беа врачени плакети.

На свечената гала вечера учествуваа почесниот претседател на здружението TABA-AmCham Зејнел Абидин Ердем, главниот советник на претседателот на републиката за спорт и претседател на Федерацијата за кошарка на Турција Хидајет Туркоглу, главниот советник на претседателот Садет Оруч, претседателот на Управниот одбор на Чалик ХолдингАхмет Чалик, како и претставници на деловниот и уметничкиот свет.

По доделувањето на наградите и плакетите, гала вечерата заврши со музички рецитал на електрична виолина.



Слични вести