„Газпром“ и Allseas“ потпишаа договор за изградба на втората траса на гасоводoт „Турски тек“

Договорот со „Allseas“ за изградба на втората траса на проектот „Турски тек“ во морето беше потпишан согласно опциите кои се предвидуваат со договорот за изградба на првата траса

676524
„Газпром“ и Allseas“ потпишаа договор за изградба на втората траса на гасоводoт „Турски тек“

Фрлен уште еден чекор на патот за остварување на проектот „Турски тек“ со кој се планира рускиот гас преку Црното Море и Турција да се пренесува во Европа.

Руската енергетска компанија „Газпром“ и швајцарската компанија „Allseas“ потпишаа договор за изградба на втората траса на гасоводниот проект „Турски тек“.

Во соопштението кое беше објавено од страна на „Газпром“ беше истакнато дека договорот со „Allseas“ за изградба на втората траса на проектот „Турски тек“ во морето беше потпишан согласно опциите кои се предвидуваат со договорот за изградба на првата траса.

Компанијата „Allseas“ согласно договорот се предвидува да постави гасоводни цевки во должина од 900 км во Црното Море.

Договорот за изградба на првата траса на гасоводниот проект „Турски тек“ меѓу компаниите „Газпром“ и „Allseas“ беше потпишан во декември.



Слични вести