Турција 56-насто од странските директни инвестиции во 2016 година ги доби по обидот за воен удар

Турција 56-насто од странските директни инвестиции во 2016 година ги доби по обидот за воен удар на 15 јули и во последните квартал беа привлечени странските директни инвестиции во износ од 3,6 милијарди долари

674067
Турција 56-насто од странските директни инвестиции во 2016 година ги доби по обидот за воен удар

Турција 56-насто од странските директни инвестиции во 2016 година ги доби по неуспешниот обид за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули.

Претседателот на Агенцијата за инвестиции, поддршка и промоција при владата Арда Ермут објави писмено соопштение во кое истакна дека и покрај сите тешкотии во последниот квартал од минатата година беше остварено силно опоравување во економијата и дека во овој период беа привлечени странски директни инвестиции во износ од 3,6 милијарди долари.

Ермут рече: „Во 2016 година 56-насто од странските директни инвестиции ги добивме по обидот за воен удар на 15 јули. Просечните инвестирања во првите 7 месеци изнесуваа 900 милиони долари, а во последите 5 месеци се зголемија на 1 милијарда 162 милиони долари. Месец во кој привлековме најголеми инвестиции во 2016 година пак беше декември со 1,9 милијарди долари. Оваа бројка истовремено е најголема бруто странска директна инвестиција на капитал во последните 17 месеци.“

Велејќи дека сиве овие бројки покажуваат дека по обидот за воен удар на 15 јули не дојде до намалување во странските директни инвестиции туку напротив е остварен раст, Ермут истакна дека износот на странските директни инвестиции кои минатата година дојдоа во Турција изнесуваше 12,1 милијарда долари.

Кога ќе се погледне кон распределбата според сектори во периодот јануари-декември 2016 година најголеми инвестирања беа реализирани во производствениот сектор, а потоа следуваат банкарството и енергетскиот сектор.



Слични вести