Регистриран суфицит во буџетот во месец јануари 2017

Министерот за финансии Наџи Агбал истакна дека во месец јануари 2017 година е регистриран суфицит во буџетот во износ од 11 милијарди 400 милиони турски лири (приближно 2,9 милијарди евра)

673263
Регистриран суфицит во буџетот во месец јануари 2017

Во месец јануари 2017 година е регистриран суфицит во буџетот во износ од 11 милијарди 400 милиони турски лири (приближно 2,9 милијарди евра).

Министерот за финансии Наџи Агбал ги соопшти буџетските податоци во врска со првиот месец (јануари) од 2017 година.

Агбал во објавеното писмено соопштение истакна дека во првиот месец од годината буџетот презентираше силен перформанс и дека буџетските расходи се одвиваат во усогласеност со целите за крајот на годината. 

Министерот за финансии Наџи Агбал напомена дека исто така и примарниот суфицит во месец јануари 2017 година изнесува 18 милијарди турски лири (приближно 4,6 милијарди евра).

Буџетските приходи на централната управа во месец јануари изнесуваат 58 милијарди 800 милиони турски лири, а буџетските расходи 47 милијарди 300 милиони турски лири.

 



Слични вести