Истанбул светски центар на халал храна

Саемот Истанбул Халал Експо е единствен саем од ваков вид во светот поддржуван од страна на Организацијата за Исламска Соработка

669140
Истанбул светски центар на халал храна

Саемот Истанбул Халал Експо е единствен саем од ваков вид во светот поддржуван од страна на Организацијата за Исламска Соработка.

Како што соопшти дирекцијата на меѓународниот саем Дисковер Евентс, согласно договорот на Организацијата за Исламска Соработка саемот Халал Експо во Истанбул се претвори во единствена ваква саемска организација на организацијата.

Инаку на собирот што се одржа во минатиот декември под покровителство на претседателот на државата на Република Турција а во соработка со Институтот за Стандардизација на Турција, Институтот за стандардизација на исламските држави, Метеоролошкиот институт и Дисковер Евентс 90 говорници кои што се јавија за дискусија се осврнаа токму на производството на халал храна и на пазарот за пласирање на овие видови на храна.

По саемот Јунус Ете претседател на Светскиот конгрес на халал храна отпатува за Мароко каде го потпиша погоре спомнатиот договор.

 



Слични вести