САД: Расте значењето на Турција како енергетска маршрута

Според извештајот на американскиот оддел за енергетски информации, Турција претставува значајна точка на премин, односно значајна маршрута во доставувањето на енергетските извори од Централна Азија, Русија и Блискиот исток до Европа и други земји

667936
САД: Расте значењето на Турција како енергетска маршрута

Се повеќе расте значењето на Турција како енергетска маршрута...

Според извештајот на американскиот оддел за енергетски информации, Турција претставува значајна точка на премин, односно значајна маршрута во доставувањето на енергетските извори од Централна Азија, Русија и Блискиот исток до Европа и други земји.

Во извештајот се истакнува дека турската економија оствари раст во последните 10 години и дека со тоа се зголеми и потрошувачката на нафта и друг вид течно гориво во Турција.

Во извештајот на  американскиот оддел за енергетски информации се привлекува внимание дека морските теснеци Бсофорот и Дарданелите (Чанаккале) се меѓу најпрометните морски тесници чие значење расте.

Во извештајот стои дека во 2015 година дневно низ турските морски теснеци беа превезени 2 милиони барели сурова нафта и 500 илјади барели нафтени деривати.

Исто така се потсетува дека освен преку морето се транспортира нафта и преку нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан како и од северниот дел на Ирак. 

Според извештајот, Турција која располага со стратешка улога и во природниот гас формира мост меѓу континентална Европа како втор најголем потрошувач на природен гас во светот и Каспиското Море и Блискиот исток.

Во извештајот се подвлекува дека Турција во Аккују, Синоп и на трето место чија локација засега не е определена ќе изгради нуклеарни централи и дека тоа ќе овозможи да се намали зависноста на Турција од енергија од надвор.



Слични вести