Во последниот квартал од 2016 г. се остварени 32 милиони 987 илјади патувања во Турција

Во последниот квартал од 2016 година внатре во земјата се остварени 32 милиони 987 илјади патувања за кои се потрошени 15 милијарди 360 милиони 556 илјади турски лири (приближно 3,9 милијарди евра)

666499
Во последниот квартал од 2016 г. се остварени 32 милиони 987 илјади патувања во Турција

Вкупниот број на остварени патувања внатре во земјата во последниот квартал од 2016 година во споредба со истиот период претходната (2015) година оствари раст од 0,1-насто и достигна до 32 милиони 987 илјади патувања.

Турскиот институт за статистика (ТУИК) ги соопшти резултатите од туристичкото истражување за домаќинствата во земјата во врска со четвртиот квартал од 2016 година.

Според тоа во периодот од три месеци (октомври, ноември, декември) се излезени на патување внатре во земјата 24 милиони 14 илјади лица.

Трошоците за патување внатре во земјата на домашните туристи во последниот квартал од 2016 година во споредба со истиот период претходната (2015) година со раст од 23,6-насто изнесуваа 15 милијарди 360 милиони 556 илјади турски лири (приближно 3,9 милијарди евра). 

На прво место меѓу причините за патување на граѓаните внатре во земјата со 62,1-насто се наоѓаат посети на свои роднини и блиски.

Потоа следат патувања со цел посета и прошетка на познати места во земјата, за забава, одмор и за здравство.



Слични вести