Берза Истанбул се искачи на 88.389,5 поени и го достигна врвот во изминатиот 21 месец

Индексот на Берза Истанбул 100 (БИСТ 100) се искачи дури до 88.389,5 поени што претставува највисоко ниво во изминатиот 21 месец

665674
Берза Истанбул се искачи на 88.389,5 поени и го достигна врвот во изминатиот 21 месец

И покрај одлуката на меѓународната агенција за кредитен рејтинг Фич за намалување на оценката, Берза Истанбул го продолжи својот раст кој што продолжува од почетокот на годината и во текот на оваа недела.

Меѓународната агенција за рејтинг Фич во петокот, последниот работен ден од минатата недела по затворањето на берзите, кредитната оценка на Турција ја намали под нивото на „земја погодна за инвестирање“. Меѓутоа и оваа негативна одлука на Фич не го намали интересирањето на инвеститорот кон Берза Истанбул.

Така индексот на Берза Истанбул 100 (БИСТ 100) својот раст кој што се интензивира во втората недела од годината го продолжи и покрај одлуката на Фич и во новата (2017) година доби вредност од 5,44-насто и се искачи дури до 88.389,5 поени што претставува највисоко ниво во изминатиот 21 месец.

На тој начин индексот на Берза Истанбул 100 (БИСТ 100) го продолжи својот раст и во текот на четвртата недела од оваа година и им обезбеди добивка на своите инвеститори од 13,12-насто во споредба со крајот на 2016 година.



Слични вести