Канал Истанбул ке ги спои Мраморното и Црното море
Проектантот предвидува ископаната земја приближно од некаде 2.7 милијарди кубни метри да биде искористена за формирање на вештачки островчиња
662342

Проектот Канал Истанбул предвидува вештачко спојување на Мраморното со Црното море.
Проектантот предвидува ископаната земја приближно од некаде 2.7 милијарди кубни метри да биде искористена за формирање на вештачки островчиња на самиот влез во Мраморното и Црното море.
На овие островчиња ќе се градат рекреативни и услужни објекти кои ќе обезбедат значителен прилив на средства во општинската каса на Истанбул.
Тендерите за уредување на просторите на овие островчиња и за обезбедување на морскиот сообраќај до и од нив,како и за изградба на пристанишните докови ќе се распишат годинава,така да се очекува голем интерес кај градежните компании.