Драматично предупредување од Теодор Рузвелт Малох: Можен крах на еврото за една до една и пол година

„Јас мислам дека еврото не само што умира, туку се соочува и со сериозни проблеми. Еврото во наредната една до една и пол година би можело да пропадне.“ - изјави Теодор Рузвелт Малох за кого се тврди дека ќе стане амбасадор на САД во ЕУ

660727
Драматично предупредување од Теодор Рузвелт Малох: Можен крах на еврото за една до една и пол година

Теодор Рузвелт Малох за кого се тврди дека ќе стане амбасадор на САД во ЕУ во интервју за британскиот информативен сервис ББС привлече внимание дека еврото се соочува со сериозни проблеми и дека во наредната една до една и пол година би можело да пропадне. 

Малох рече: „Јас мислам дека еврото не само што умира, туку се соочува и со сериозни проблеми. Еврото во наредната една до една и пол година би можело да пропадне.“

Потсетувајќи дека обединувањето на големите фирми и договорите за купување можат да се реализираат во рок од неколку месеци, Малох напомена дека откако Велика Британија ќе го започне официјално процесот за напуштање на ЕУ за само 90 дена може да постигне трговски договор со САД.

Теодор Рузвелт Малох истакна дека смешно е тоа што ЕУ не и дозволува на Велика Британија да одржува разговори за постигнување трговски договор со САД.

Инаку Тед Малох наскоро се очекува од страна на американскиот претседател Доналд Трамп да биде назначен за амбасадор на САД во ЕУ.



Слични вести