Доналд Трамп се подготвува да воведе данок од 35-насто за увоз на германски автомобили

По изјавите на новиот американски претседател Доналд Трамп дека ќе воведе данок од 35-насто за увоз на возила наменети за американскиот пазар дојде до падови во акциите на германските производители на автомобили БМВ, Дајмлер и Волксфаген

659739
Доналд Трамп се подготвува да воведе данок од 35-насто за увоз на германски автомобили

Полагањето заклетва и официјалното стапување на должност на 20 јануари на новиот 45-ти американски претседател Доналд Трамп ги зголеми дискусиите во Германија во однос на иднината на трговските односи меѓу САД и ЕУ.

Доналд Трамп во интервју за германскиот весник „Билд“ кусо време пред да стапи на должност истакна дека производителите на автомобили ќе треба да платат данок за автомобилите кои ги произведуваат надвор од САД меѓутоа ги продаваат во оваа земја.

Трамп рече дека ќе се воведе  данок од 35-насто за увоз на возила наменети за американскиот пазар .

Овие изјави на Трамп беа дочекани со реакции во Германија која е во положба на земја производител на автомобили. Имено САД се наоѓаат меѓу најзначајните муштерии на Германија во автомобилскиот сектор.

Тоа што новата управа на САД најави воведување на данок за увоз истовремено ги тера на размислување и германските автомобилски компании кои инвестираат во земји како што е Мексико.

По интервјуто на Доналд Трамп дојде до падови во акциите на БМВ, Дајмлер и Волксфаген.

Имено овие три значајни германски производители на автомобили реализираа инвестирања во износ од милијарди долари во фабриките во Мексико како земја во која трошоците за производство се пониски и автомобилите кои што ги произведуваат во оваа земја ги продаваат на американскиот пазар. 



Слични вести